Малолетници пронашле рачна бомба на ул. Ордан Чопела во скопската општина Гази Баба.
Како што соопшти МВР, настанот вчера во 14:05 часот во Единицата за информации и команда Скопје, го пријавил Х.С.
На местото на настанот излегла екипа од Одделот за антитеротизам која ја подигнала рачната бомба.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.