Група малолетници вчера попладне каменувале патнички воз што сообраќал на релација Скопје-Табановце.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17.20 часот од страна на седум-осум непознати малолетни лица извршено е каменување на патнички воз што сообраќал на релација Скопје-Табановце, при што е причинета материјална штета.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.