Макрадули: Отворањето на „Југохром“ во фази, по исполнување на еколошките стандарди

Од:

Комбинатот „Југохром“ може да се рестартира во фази и само по исполнување на еколошките стандарди, по воведување соодветни филтри и она што како екологија треба да го задоволува. Ова денеска го истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули пред почетокот на јавната дебата на тема „Не оставај на друг, дојди за чист воздух“.

– „Југохром“ беше затворен затоа што, како што кажа и премиерот Заев, менаџментот на комбинатот беше жртва на притисоци и уцени од претходната влада, рече Макрадули.

Потенцира дека остануваат на заложбата не само „Југохром“ туку и сите индустриски капацитети, да ги исполнуваат своите обврски согласно законите во Република Македонија.

На новинарско прашање за интерсекторската работна група за загадувањето која се сретна минатата недела, Макрадули рече дека ваква група првпат е формирана од Владата и неа ќе ја информира за своите активности.

– Подигнато е на едно ниво. Дадена е политичка димензија и политичка тежина на активностите. Првпат се вклучени и здруженијата на граѓани со свои претставници кои тие ги избраа во процесот и во работата на интерсекторската работна група. И по конститутивниот состанок договоривме некои активности, рече Макрадули.

Заменик-министерот Макрадули истакна дека на 19 октомври во МКЦ ќе има настан за квалитативна анализа на она што се случува со воздухот и најави дека ќе излезат со решенија.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари