Макрадули на неформален состанок на министри за животна средина во Талин

Од:

Заменикот министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, како претставник на македонската делегација, учествува на неформален состанок на министри за животна средина кој денеска и утре се одржува во Талин, Естонија.

Од Министерството информираат дека еко-иновациите и забрзување на транзицијата кон поодржлив начин на живот се приоритет на Естонското претседателство, споделено со трио партнерите Бугарија и Австрија.

– Со оглед дека една од целите на одржливиот развој на Обединетите Нации за справување со најитните социјални и еколошки предизвици е обезбедување на модели за одржлива потрошувачка и производство, на состанокот е нагласена потребата од целосно преструктуирање на линеарните модели на производство и користење на отпадот, во корист на заокружен систем, каде што производите ќе бидат дизајнирани и пласирани на пазарот за повторна употреба и рециклирање, стои во соопштението на МЖСПП.

На првиот ден од средбата, министрите размениле ставови во три важни под теми од темата за еко-иновации: транспарентност на производите, паметни градови и финансирање. Вториот ден ќе биде посветен на климатските промени и ќе се дискутира за очекувањата, можностите и потенцијалните предизвици поврзани со промовирање на визијата и целите на Парискиот договор.

Во рамки на состанокот Макрадули, остварил билатерална средба со заменик генералениот секретар на Министерството за животна средина на Естонија, Мелис Мунт на која било истакнато значењето за соработка во примената на новите технологии и информатичката технологија во борбата за заштита и унапредување на здрава животна околина и средина.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари