„Тврдењето на Ахмети дека Груевски си оди на 10-ти јануари е само уште една епизода во неговата до смрт лојалност на ВМРО.
На очигледното доцнење од спроведувањето на договорот од Пржино и на се погласните коментари од сите страни дека изборите на 24-ти се неизвесни, Ахмети мораше да ја бетонира лојалноста и испрати порака: одлагање на изборите нема да има.
Изгледа не го гледал Груевски на Шител. Се очекува, Хорхе на Ахмети да му додели орден за јубилејно 100-то неостварено предвидување. Туку споменикот на цар Душан уште е тука? Исто како и Рафиз, и он е тука, еве „се утепа“ од водење седници“, пишува на својот Фејсбук, Јани Макрадули.