Макрадули: 2019 година клучна во борбата со загадувањето

Од:

Оваа, 2019-та е клучна година во борбата со аерозагадувањето, порача денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на одбележувањето на Денот без возила на фосилни горива.

-Предвидени се повеќе финансиски средства од Владата за справување со овој горлив проблем, но мора да постои волја и подготвеност кај сите чинители, а придонесот на општествено – одговорните компании навистина е огромен, рече Макрадули

На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде присутните имаа можност да ја погледнат едукативната изложба на електрични автомобили, да имаат тест возење со електричен автомобил и да учествуваат на панел дискусијата за поттикнување на електромобилноста, се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев од каде порача дека сите треба да работи на полето на заштита на животната средина и дека секој од нас треба да носи одговорност

-Загадувањето е еден од главните проблеми во оваа држава по сите релевантни анкети. Општина Карпош е во процес на донесување на нов Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) кој нуди препораки и решенија и во делот на поттикнување на користење електрични превозни средства, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ