Македонско-српски полициски патроли до 30 август ќе патролираат низ Охрид

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија од денеска до 30 овој месец ќе бидат присутни во Охрид, согласно договорената соработка на МВР на двете држави за време на туристичката сезона.

Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25 јули оваа година.

Согласно Протоколот за соработка меѓу МВР на двете земји за соработка во текот на летната сезона, тројца полициски службеници на српската полиција од општа надлежност и еден од Одделението за криминалистика секојдневно во односниот период ќе работаат на терен заедно со нивните колеги од Македонија.

Би можело да ве интересира

Снег, магла и одрони на патиштата низ Србија: Камионите на „Батровци“ чекаат и до три часа, на возачите им се советува да бидат внимателни

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Катерина Ѓуровски

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба