Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Од:

Поранешниот министер за економија на Србија, Раде Башта, е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, под сомнение дека го оштетил јавното претпријатие „Белградски електрани“ за повеќе десетици милиони динари, објави Н1.

Според сомнежите на истражните органи, Башта ја предизвикал штетата додека бил директор на претпријатието, одобрувајќи неосновани донации за различни спортски клубови.

Меѓу примателите на донациите имало помали фудбалски и кошаркарски клубови, како и коњички клуб.

Припадници на Службата за борба против корупцијата спроведуваат акција за апсење и претрес на простории. Според неофицијални информации на Радио-телевизија Србија (РТС), приведени се уште неколку лица поврзани со Башта.

Башта беше министер за економија од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од функцијата.

До разрешувањето дојде откако тој побара Владата итно да се изјасни за воведување санкции кон Русија поради агресијата врз Украина. По заминувањето од функцијата, го формираше движењето „Европски пат“.

Башта беше назначен за министер како член на партијата Единствена Србија, која исто така побара негово разрешување од партиските и јавните функции по неговите изјави за воведување санкции кон Русија.

Според РТС, во изминатите две недели во Србија се уапсени повеќе од 90 лица, во серија полициски акции што следуваа по предвремените парламентарни избори одржани на 25 октомври.

Меѓу приведените има високи полициски функционери, претставници на државни институции, банкари и локални функционери.

Акциите се спроведуваат во повеќе одделни случаи, поврзани со сомневања за злоупотреба на службената положба, перење пари, незаконско располагање со буџетски средства и други кривични дела.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари