Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави средбата Иванов-Рама

Од:

Македонското друштво „Илинден“-Тирана  во денешното соопштение ја поздрави средбата меѓу претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и албанскиот премиерот Еди Рама, на која стана збор за подобрување на правата на македонското национално малциство.

– Изјавата на премиерот Рама дека ќе посвети внимание за македонското национално малцинство во Република Албанија е голем чекор и дава надеж дека новата албанска влада ќе продолжи со демократските процеси и ќе ги подобрува правата на македонското национално малцинство, стои во соопштението од друштвото „Илинден“-Тирана.

Средбата меѓу Иванов и Рама, како што се додава, покажа уште еднаш дека Република Македонија и Република Албанија се пријателски земји.

– Веруваме дека ќе продолжат ваквите средби на корист на двете земји. Балканот треба да се одлепи од историјата на омразата и војните меѓу народите, велат од македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Би можело да ве интересира

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

По Србија и Косово, набргу One Stop-систем и со Албанија