Македонските иселеници од Англија организираат хуманитарна акција за земјава

Од:

Македонската дијаспора од Англија покрена акција за собирање на парични средства за купување на храна за социјално ранливите граѓани и еднородителските семејства во земјава, наречена „Со љубов за Македонија“.

Како што посочуваат од Здружението „Легис“, нашата сограѓанка Розетка Ремак, која повеќе од 25 години живее во Лондон, отвори страна за собирање на средствата, со надеж дека ќе собере три илјади фунти за храна и пакетчиња за своите сограѓани во државава, која на крајот и се оствари. Голем број на луѓе се отповикале на оваа хумана акцијата. Помеѓу нашите сограѓани кои живеат во Англија донирале и други народности од цела Европа кои сакаат да им помогнат на социјално ранливите во земјава.

Собраните средства се донирани на Здружението „Легис“ и Една Може! кои започнаa акција на поделба на овие пакети низ цела држава. Купени се 120 пакети со храна и 165 пакетчиња за децата. Досега се поделени пакети во Тетово и Тетовско, Гостивар, Кичево, Охрид, Куманово, Прилеп а акцијата ќе продолжи во градовите Битола, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Демир Капија, Штип, Делчево и Скопје.

Целта, како што додаваат од „Легис“, е што повеќе градови да бидат опфатени во овој караван на солидарноста, кој започна од Англија и се прошири низ цела Европа.

– Пандемијата предизвикана од коронавирусот, социјално ранливите ги направи уште поранливи и затоа оваа хуманитарна акција е за голем поздрав и поддршка, наведуваат во соопштението.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски