Седми британски премиер во последните 10 години – Кој е Енди Барнам?

Од:

Енди Барнам беше избран за нов лидер на Лабуристичката партија, која е на власт во Велика Британија, а денеска стана 59-тиот премиер на Обединетото Кралство.

Барнам доби широка поддршка во Лабуристичката партија за да ја преземе лидерската позиција по оставката на Кир Стармер.

По 14 години поминати во опозиција, лабуристите извојуваа убедлива победа на изборите во јули 2024 година, при што Кир Стармер ја презеде власта во Обединетото Кралство.

Сепак, во текот на изминатите две години, Стармер се соочи со низа предизвици, како на домашен, така и на меѓународен план, а неговиот пад започна со тешкиот пораз на локалните и регионалните избори во мај во Англија, Шкотска и Велс.

Барнам, долгогодишен политичар и до неодамна градоначалник на Манчестер, беше избран за нов лидер на Лабуристичката партија на 17 јули 2026 година, што му го отвори патот да стане британски премиер – седмиот во последните 10 години, како и петтиот во последните четири години.

„Мојата работа е завршена“, изјави Стармер во прошталниот говор пред Даунинг стрит во Лондон.

„Си заминувам достоинствено, си заминувам со насмевка и си заминувам горд на сè што постигнавме“, им рече Стармер, кој беше премиер две години, на собраните членови на Лабуристичката партија.

Тој изјави дека ја предводел Лабуристичката партија од „историски пораз“ до убедлива победа на изборите во 2024 година, дека „Британија сега е посилна и поправедна земја“ и додаде дека Енди Барнам ќе ја има неговата целосна поддршка.

По средбата со кралот Чарлс во Бакингемската палата, Стармер официјално поднесе оставка.

По Стармер, токму Барнам го доби официјалното овластување од монархот да ја предводи новата влада.

Би можело да ве интересира

Англија го освои бронзениот медал на Светското првенство по спектаклот од десет гола

Горан Наумовски

Пијан татко со силно тресење го уби својот четиринеделен син – ја чека пресудата

А1он

Англија го победи Мексико по драмата и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство

Велика Британија ќе го добие шестиот премиер за седум години

ВИДЕО: Кир Стармер поднесе оставка

Трамп: Британскиот премиер ќе поднесе оставка