Македонскиот Црвен крст отвори телефонски линии за донации за Бејрут

Од:

По повод експлозијата во пристаништето во Бејрут, главниот град на Либан, Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и
поддршка на настраданото население.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ:

300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан.

– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.

Средствата можат да се донираат од 07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут. Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство за
жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, а две лица се повредени во експлозија во Панчево

Да го спасиме Горан од карцином

Тројца уапсени за нападите во Солун во кои загина 72-годишна жена

Хезболах ги продолжува нападите врз северен Израел по нападот во Бејрут

Израел изврши воздушни напади врз предградијата на Бејрут

(ВИДЕО) Се урна зграда од експлозија на плин – има жртви

А1он