Експлозија на железничка станица во Германија, најмалку двајца повредени

Од:

Најмалку две лица се повредени во експлозија на главната железничка станица во Аугсбург, Германија, каде што е во тек полициска интервенција.

Инцидентот се случи во преминот во внатрешноста на главната железничка станица во овој град во јужна Германија.

Според германските медиуми, експлодираше предмет кој предизвика полесни повреди, а биле оштетени и прозорци во близина. Засега не е утврдено за каква направа станува збор.

Полицијата соопшти дека зградата на станицата и еден колосек се затворени, додека железничкиот сообраќај на останатиот дел од станицата се одвива со ограничувања. Инцидентот влијаеше и врз јавниот превоз во околината.

Полициската истрага е во тек, а граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа околу главната железничка станица.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Силна експлозија во центарот на Атина: Загинаа американски државјани, цела зграда се урна

Предраг Петровиќ

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он