„Македонски шуми” ќе стипендира ученици од кавадаречкото шумарско училиште

Од:

„Македонски шуми“ ќе стипендира стедношколци од кавадаречкото шумарско училиште, најдобрите ученици ќе изведуваат практична настава во претпријатието, а потоа ќе имаат можност за вработување.

Меморандум за соработка потпишаа денеска генералниот директор на претпријатието Зоран Ѓорѓиев и директорот на кавадаречкото земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров”, Горан Велковски.

Ѓорѓиев најави заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер.

И Велковски изрази задоволство од соработката, затоа што, како што рече, таа е од големо значење за професионална надградба на учениците од шумарската струка.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење