Македонски полициски синдикат: Пратениците да го изгласаат законот за Агенција за разузнување

Од:

Македонскиот полициски синдикат (МПС) денеска преку соопштение ги охрабри пратениците во македонскиот Парламент да дадат поддршка и покажат зрелост за донесување на Предлог-законот за Агенција за разузнавање.

Преку свои делегирани преставници, како што се наведува во соопштението, МПС активно учествувал во изготвувањето на новиот предлог Закон на Агенција за разузнавање во делот на унапредување на правата на вработените, услови за пензионирање, но и во делот на рамноправно изедначување со платите на вработените од сродните државни институции, како што се МВР, АНБ и ОТА.

Според Синдикатот, со донесување на Предлог-законот за Агенцијата за разузнување се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ, и ќе се исправи долгогодишната неправда кон вработените во Агенцијата за разузнавање, кои конечно ќе можат да ги користат правата и обврските кои се предвидени во предметниот закон.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари