Македонија во жолта фаза

Од:

Tериторијата на целата држава, денеска и утре ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолта, односно алертна фаза. Температурата ќе се движи од 34 до 40 степени, зависно од регионот.

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, повисоки температури се очекуваaт до крајот на неделата.

Министерството за здравство соопшти дека населението треба да ги почитува општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната. Посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат од лекар препишаната терапија и без неопходна потреба да не излегуваат надвор од домовите.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (разни кремови, мајонерзи, сладолед и сл).

Воедно информираaт дека пунктови за превенција од топлотни бранови континуирано функционираат низ целата држава, секој ден во периодот од 18.30 до 21.30 часот. Во сите градови низ држава на плоштади или паркови се поставени превентивни здравствени пунктови за бесплатни прегледи каде на граѓаните им се мери крвен притисок, се делат флаери, и се добиваат здравствени совети за превенција од топлото време. Во Скопје се поставени три мобилни пунктови, од кои еден се наоѓа на пешачката патека кај реката Вардар и по два мобилни пункта се распоредени во сите скопски општини.

Од УХМР информираат дека времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер.Температурите ќе се движат од 30 до 40 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер и температура до 39 степени.

Во сабота попладне ќе има спуштање на посвежа воздушна маса од север која во недела ќе услови засилен северен ветер, пад на температурата за 6 до 8 степени и услови за слаб локален дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Македонија во жолта фаза

Од:

Македонија од денеска ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи денеска и утре ќе биде сончево и многу топло со температура до 38 степени и УВ индекс 9.

Од УХМР ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност.

Треба да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски