А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија во жолта алертна фаза

by А1он17/09/2015 - 08:3317/09/2015 - 13:0453
Share0

Во текот на денот со топлотен бран од жолта (алертна) фаза ќе биде зафатена територијата на цела Македонија, односно со температури до 35 степени Целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, соопшти Министерството за здравство согласно најавата од Метео-алармот на Управата за хидро-метеоролошки работи.

Добивај вести на вибер

Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Министерството за здравство дава општи препораки за заштита на населението од високите летни температури.

– Во текот на ваквите екстремно топли денови граѓаните да останат во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

Од Министерството за здравство препорачуваат термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. – Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, се наведува во соопштението.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност во планинските региони и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 29 до 35 степени. УВ-индексот до сабота ќе има вредност 6.

Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топла со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во деновите на викендот полека температурата ќе опаѓа, а веќе од недела попладне со зголемена облачност ќе имаме и врнежи од дожд и појава на нестабилност со ретки грмежи претежно на југот од земјата. Повремени врнежи ќе има и во ноќта кон понеделник и во текот на денот.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен