Македонија, Словачка и Чешка заеднички ќе чествуваат „По трагите на светите Кирил и Методиј“

Од:

Манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ оваа година е вклучена во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Република Чешка и Република Северна Македонија, покрај традиционалниот домаќин – Република Словачка.

Ова го изјави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка, кој на средбата денеска во Владата му беше претставен на премиерот Зоран Заев од амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата предложи, а од страна на гостите беше со задоволство прифатено како укажана чест, оваа година настаните во рамките на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ што ќе се организираат во Северна Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30 – годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја.

-Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја, истакна премиерот Заев на средбата.

На средбата со амбасадорот Маркуш се разговараше за заемната соработка меѓу Словачка и Северна Македонија во процесот на европските интеграции на нашата земја, како и за економската соработка за која има потенцијали за дополнителен развој, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски и Радев заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј во Рим

Жарко Настоски

Џамбаски нервозен кај Русите на Твитер: Македонците ги создаде Москва, а Кирил и Методиј се Бугари

Жарко Настоски

Македонска црковно-државна делегација се поклони на гробот на свети Кирил

Катерина Павлова-Николовска

Одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Катерина Павлова-Николовска

Пендаровски: Заедничкото одење и чествување на Св. Кирил и Методиј со Радев е добар симболичен гест од двете страни

Жарко Настоски

Пендаровски и Радев со бугарски авион ќе патуваат за Рим на заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј

Катерина Павлова-Николовска