Македонија, Словачка и Чешка заеднички ќе чествуваат „По трагите на светите Кирил и Методиј“

Од:

Манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ оваа година е вклучена во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Република Чешка и Република Северна Македонија, покрај традиционалниот домаќин – Република Словачка.

Ова го изјави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка, кој на средбата денеска во Владата му беше претставен на премиерот Зоран Заев од амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата предложи, а од страна на гостите беше со задоволство прифатено како укажана чест, оваа година настаните во рамките на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ што ќе се организираат во Северна Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30 – годишнината од прогласувањето на независноста на нашата земја.

-Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја, истакна премиерот Заев на средбата.

На средбата со амбасадорот Маркуш се разговараше за заемната соработка меѓу Словачка и Северна Македонија во процесот на европските интеграции на нашата земја, како и за економската соработка за која има потенцијали за дополнителен развој, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Овој ден нека нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Ана Ололовска

Џафери предводи државно – црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил

Ана Ололовска

Скен: Договореното со Бугарија е историски неточно, извртено и неодржливо – ако политиката капитулираше, научната мисла е жива

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски и Радев заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј во Рим

Жарко Настоски