Македонија кодомаќин на средбата на Пенс со земјите од Јадранската повелба

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев е кодомаќин, заедно со премиерот на Црна Гора Душко Маровиќ, на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што денеска ќе се одржи во Подгорица, на кој ќе учествува и потпретседалот на САД Мајк Пенс.

Се очекува американскиот потпретседател Пенс да ја нагласи посветеноста на САД на Западниот Балкан и да го подвлече значењето на доброто владеење, политичките реформи и владеењето на правото. На самитот Македонија ќе ја претставува премиерот Зоран Заев, a ќе учествуваат и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ и на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и на земјите набљудувачи, Србија, со премиерката Ана Брнабиќ, Косово со претседателот Хашим Тачи и Словенија со премиерот Миро Церар.

Во составот на делегацијата на Република Македонија се и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, министерот за надворешни рабти Никола Димитров и пратеникот Стево Пендаровски.

Свечениот дел од Самитот на земјите членки на Јадранската повелба ќе отпочне во 13:00 часот со изјави на макдонскиот премиер Зоран Заев, и на црногорскиот Душко Марковиќ, по што обраќање ќе има потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Програмата потоа предвидува билатерални состаноци на шефовите на делегации со потпретседателот на САД Мајк Пенс, по што ќе отпочне работната сесија на самитот (14:30-15:45) на темите „Интеграциски процеси во регионот“ и „Улогата и придонесот на Јадранската повелба кон регионалната и глобалната безбедност“.

Македонскиот премиер Заев во пресрет на самитот во Подгорица, истакна дека на средбата со потпретседателот Пенс ќе ја нагласи решеноста на новата македонска Влада за спроведување на неопходните реформи за евро-атлантска интеграција и ќе побара поддршка од САД и од другите земји членки на НАТО за прием на Македонија во Северноатлантската алијанса.

И потпретседателот на САД Пенс во телефонскиот разговор со Заев на 10 јули, искажа позитивни очекувања од средбите со лидерите на земјите од Јадранската повелба во Црна Гора и ја повтори поддршка на Вашингтон на евро-атлантските аспирации на Македонија.

По повод посетата на американскиот потпретседател Пенс на Подгорица, црногорските медиуми објавија дека безбедносните мерки за време на неговиот престој ќе бидат подигнати на највисоко ниво.

Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската повелба (Адриатик Чартер), а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата.

Групата Јадранска повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски