Македонија го презеде претседателството со Регионалната школа за јавна администрација за 2019-та година

Од:

Македонија во 2019-та година ќе претседава со Регионалната школа за јавна администрација. Претседавањето беше и официјално предадено денеска, на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на деветтата-та седница на Управниот одбор на министерско ниво, што се одржа во Брисел, Белгија.

На состанокот учествуваат членови на Управниот одбор на РеСПА, односно министрите одговорни за јавната администрација во земјите од Западен Балкан и Косово и претставници на Европската комисија.

По завршувањето на состанокот на Управнниот одбор, започна и дводневната конференција на тема “Подобрување на јавната администрација преку регионална соработка”.

Конференцијата ја отвори министерот Манчевски, кој се осврна на визијата на земјите од Западен Балкан, за реформа на јавната администрација.

„Како што влегуваме во 21-от век, така се менуваат и очекувањата за тоа што Владите треба да направат за да ја иполнат својата улога. Правилата што важеа до вчера повеќе не се релевантни. Ова се однесува и на јавната администрација. Улогата на РеСПА лежи во олеснувањето и јакнењето на регионалната соработка со цел да се постигнат висококвалитетни јавни услуги за граѓаните и бизнисите. Основниот двигател за постигнување на оваа цел е дигитализација, која неизбежно го менува начинот на функционирање на општеството. На овој начин, технологии нудат можност да се обезбедат поефикасни и широко достапни услуги.
Со оглед на тоа што дигитализацијата станува сè повеќе присутна во нашите животи, се менува контекстот во кој работат бизнисите и владата. На овој начин, развиените општества обезбедуваат јавни услуги кои се повеќе се испорачуваат и администрираат онлајн во форма на „е-влада“, „е-услуга“, „е-здравство“, „е-учење“…“, истакна министерот Манчевски.

Како што посочи министерот Манчевски, доколку јавната администрација не ги прифати технолошките промени, тоа неизбежно ќе придонесе за неефикасна јавна администрација. Јавната администрација треба постојано да се надоградува за да ги прифати очекувањата на граѓаните на најдобар можен начин.

„Соочени со слични предизвици во процесот на градење на капацитетите на јавната администрација, земјите од Западен Балкан имаат потреба од вештини и капацитети за ИКТ и информациска сигурност. Како претседател на РеСПА за следната година, сакам да ја потенцирам важноста на безбедноста на информациите во контекст на процесот на дигитализација на јавната администрација. Преземањето активности во однос на градење на капацитетите е од голема важност, бидејќи безбеден и сигурен сајбер простор е столбот на дигиталното општество и економскиот раст“, заклучи министерот Манчевски.

Регионалната школа за јавна администрација е меѓувладина организација која ја поддржува соработката и реформата на јавната администрација во Западен Балкан.

Од октомври 2017 до октомври 2018 година, во соработка со бројни партнери од Европа и Западен Балкан, а поддржано од повеќе од 200 меѓународни и регионални експерти, РеСПА има воспоставено мрежа од околу 1.000 јавни службеници во регионот преку најмалку 50 активности за градење на капацитети. Во наведениот период, РеСПА, изготви 7 регионални компаративни студии со препораки за политики шо се однесуваат на решенија за реформата на јавната администрација (РЈА ) во Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ