Македонија e блокирана без отворени или затворени поглавја со ЕУ, изјави Адеми

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за очигледните застои во процесот на преговори за членство во Европската Унија, кои јасно се одразуваат во споредбените извештаи на земјите од регионот, порача потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на денешната партиска прес-конференција.

„Како што може да се види од најновите податоци, Црна Гора има затворено неколку поглавја од преговорите, Албанија е во напредна фаза со поголемиот дел од поглавјата отворени, додека Северна Македонија, и покрај напорите и реформите направени со години, продолжува да остане блокирана без отворени или затворени поглавја.

Оваа реалност е резултат на блокирачките политики, неспособноста и недостатокот на искрена волја од актуелната влада, која дури ни во план не ги има уставните измени што би го деблокирале евроинтеграцискиот процес на земјата. ВРЕДИ излажа пред изборите кога тврдеше дека „нема влада без уставни измени“. Повторно излажа кога вети дека за 3 месеци, потоа 6 месеци, а подоцна и за една година ќе се случат измените или ќе го преиспита учеството во владата. И да ги избркаат низ врата, тие се враќаат низ прозорец во владата што го донесе проектот „Српски свет“ раширен во Македонија.

Оваа состојба директно ја загрозува европската перспектива на земјата и аспирациите на граѓаните, особено на младите кои ја сонуваат својата иднина во европското семејство. Дополнително, непостигнувањето напредок на нашата земја кон членство во ЕУ значи и нарушување и непочитување на самиот Охридски мировен договор.

ДУИ бара итно забрзување на чекорите кон отворање на преговарачките поглавја, отстранување на обструктивните политики и искренo и транспарентнo ангажирање во функција на реализацијата на стратешката цел на земјата – полноправно членство во Европската Унија. ДУИ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и на европската иднина на Северна Македонија, како единствен пат што гарантира стабилност, безбедност и развој за сите, вели Адеми.

Би можело да ве интересира

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна – власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Предраг Петровиќ

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода