ВИДЕО: „Македонија блокира“ на протест пред домот на Крсто Мукоски

Од:

Со запалени свеќи и патриотски песни, вечерва се протестираше пред домот на пратеникот Крсто Мукоски кој во Собранието гласаше за отпочнување на процесот за Уставни измени. Со автобус од Скопје, партијата „Единствена Македонија“ транспортираше дел од демонстрантите, а присутни беа и жители на Вевчани, каде пратеникот живее. Откако демонстрантите пристигнаа, Мукоски ги пречека и дел од нив влегоа во неговиот дом, а останатите играа оро пред куќата со свеќи во раце.

Протестот е дел од кампањата на „Македонија блокира“. Пред домот на Мукоски се пееше „Едно име имаме“. Демонстрантите пред домот му порачуваа на пратеникот да не го менува името на државата.

Во сабота, „Македонија блокира“ протест ќе одржи и пред домовите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои исто така дадоа поддршка за провесот за уставни измени. Тројцата пратеници се обвинети и за крвавиот четврток на 27 април во Собранието.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, симболично дефиле под маски

Синот на Крсто Мукоски загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска