Мајките на породилно до Шахпаска: Зошто постои Комисија за заразни болести, кога не ги слушате препораките?

Од:

Група жени кои ја користеа укинатата владина мерка за продолжено породилно отсуство поради пандемијата, реагираат на денешната изјава на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која зборувајќи за укинувањето на мерките, рече дека какви било дополнителни отсуства од работа веќе немаат смисла, затоа што градинките се отворени и работат.

„Почитувана Министерке, Мораме да Ве демантираме. Градинките не работеа бидејќи ситуацијата со коронавирусот е крајно сериозна. Потребата некои родители да се вратат на работа, бидејќи приватните фирми не се толку толерантни, ја наложи потребата да се отворат градинките кои ќе работат со намален капацитет. Велите дека има место бидејќи предност им давате на децата на самохраните родители и на децата на двајца вработени родители. Дали имате информација доколку сите мајки кои се на продолжено породилно се принудени да тргнат на работа, градинките нема да можат да ги згрижат сите деца?,“ прашуваат жените на породилно, кои за во четврток најавија протест пред Владата со барање укинатата мерка да се врати во сила и да важи до крајот на годинава.

Комисијата за заразни болести пред една недела предложи мерката за продолжено породилно отсуство да важи до 31 декември, но препораката на беше прифатена од Владата.

Мајките на породилно, кои се организираат преку групи на социјалните мрежи, велат дека ова разногласие кај властите околу нивната ситуација уште повеќе го засилило нивниот револт од укинувањето на мерката.

„Повеќето мајки кои се веќе на породилно отсуство и на продолжено породилно отсуство имаат уште едно дете до 6 години, кое не го пуштаат во градинка бидејќи ја користат мерката за продолжено породилно отсуство. Доколку тие би ги пратиле двете деца во градинка, со сигурност тврдиме дека капацитетите ите како ќе се надминат, односно градинките нема да можат да им излезат во пресрет на родителите и тие ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Се поставува прашање зошто постои Комисијата за заразни болести, зошто таа се состанува и зошто дава препораки кои вие не ги земате во предвид? Дали сметате дека тие доктори не знаат што зборуваат?,“ пишуваат досегашните кориснички на продолжено породилно отсуство.

„Во иста ситуација ги ставивте и родителите на деца до десет години. Без целодневна настава, децата треба да се најмногу по три часа на училиште. Кој ќе ги земе тие деца од школо? Кај ќе одат тие деца? Кој ќе ги чува?Дали родителите треба да дадат отказ на работа за да можат да се грижат за своите деца? Дали сте свесни дека ќе го зголемите бројот на невработени? Ние доволно сме загрижени поради целата ситуација, а вие само уште дополнително ни создавате проблеми и главоболки,“ велат мајките во реакцијата до министерката Шахпаска, и прашуваат:

„Дали да ги донесеме децата пред МТСП па таму да ги чувате додека ние сме на работа, за да ја сфатите сериозноста на ситуацијата во која не ставивте?“

Би можело да ве интересира

Кината и театрите може да работат според Протоколот за организирање настани, одлучи Владата

А1он

165 основни и само четири средни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

А1он

Владата ќе им плаќа приватно сместување на над 1.200 студенти кои поради мерките ќе останат без место во домовите

А1он

Мајките на породилно пак протестираа пред Владата

А1он

ВИДЕО: Се работи на законот за пензионирање со 64 години, за предвременото пензионирање допрва ќе се разговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Следната година нов закон за работни односи

Ана Ололовска