Мајките на породилно отсуство во четврток ќе протестираат пред Владата

Од:

Група жени кои досега ја користеа укинатата владина мерка за продолжено породилно отсуство, за во четврток најавија протест пред владата, барајќи продолжување на поволноста, воведена во март како дел од заштитните мерки против ширењето на коронавирусот.

Владата вчера одлучи сите мајки кои користеа продолженото породилно, од 23 септември да се вратат на работа, заедно со хроничните болни и со родителите на деца се до шестгодишна возраст, а кои поради тоа досега беа ослободени од работните обврски.

Одлуката предизвика бран гневни реакции од една страна, но и одобрување кај дел од граѓаните, кои сметаат дека сите вработени треба да се вратат на своите работни места, а животот да продолжи.

Според најавите на социјалните мрежи, протестот, кој е веќе пријавен во полиција, ќе се одржи пред Владата во четврток, од 17:30 до 19 часот, а организаторките најавуваат дека ќе бидат запазени сите мерки за заштита од коронавирусот.

Жените бараат да им се продолжи породилното отсуство до крајот на годинава, како што првично предложи Комисијата за заразни болести. Тие се сомневаат дека градинките имаат доволно кадар и просторни услови за згрижување деца во услови на пандемија, а велат дека дури и да сакаат, нема да има место да ги запишат децата во градинките, каде капацитетот е преполовен токму поради заштитните мерки.

Би можело да ве интересира

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани