Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Од:

„Едвај стои на нозе, предозиран е од терапија, не можам да си го препознааам детето“, вели за „А1он“ мајката на 17-годишниот Анес Абдуловски од Битола кој со дијагностициран аутизам поради нервозата и агресијата која ја покажувал во пубертетот бил сместен во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Момчето посетувало училиште и дневен центар се до моментот кога влегува во пубертетот кој за лицата со аутизам е најтежок период во растењето на овие деца.

Родителите побарале помош и детето било сместено во психијатриската болница Демир Хисар каде што останува пет недели. Во тој период родителите го посетиле повеке пати, но не им било дозволено внатре на лице место( во соба), туку со придружба носено на по неколку минути во двор.

„Ни се јавија да си го земеме детето на неколку дена па после да го вратиме. Болницата добила најава за посета од делегација од Европската унија. Но, кога го земавме, што да видиме, детето едвај стои на нозе, предозирано е со лекови. Има огромни рани од врзувањето кои се длабоки и направени при обидите детето да се ослободи. Нема шанси да го вратиме таму детето. Ние побаравме да го смират и да добива терапија. Не можеме да го препознаеме детето. Ние дојдовме во Битола да живееме под кирија само со цел да му овозможиме подобри услови за развој. Никој ништо не презема ниту ни се јавил за детето после ова – рече за „А1он“ Салка Абдуловска, мајка на 17-годишниот Анес.

Министерот за здравство, Фатми Меџити прашан за реакцијата на родителите на детето, рече дека детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија.

На новинарско прашање околу третирањето на пациентот во Битола, тој одговори дека вонредниот инспекциски надзор завршил и веќе имало извештај и имало пропусти и во дијагностицирањето и во лекувањето на момчето.

– Веднаш дадов наредба, се формираше стручна комисија и ќе биде на терен што е можно побрзо, на лице место и експерти од сите области ќе одлучат каде точно се пропустите. По нивниот извештај, ќе преземеме други мерки, нагласи министерот.

Би можело да ве интересира

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он

Ако не и се одземат децата, мајката на девојчето кое со рани и скршеници беше хоспитализирано ќе мора да учи родителски вештини

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Триесетдневен притвор за таткото кој до смрт си ја претепа ќерката

Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

А1он