На повисоките места и во југоисточните делови времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, по котлините магливо и постудено. Во пладневните часови маглата ќе биде послаба. Температурата ќе се движи од три до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со појава на магла. Температурата ќе достигне до три степени.
Во земјата и понатаму ќе се задржи стабилно и суво време, со појава на магла по котлините. Во четврток кон крајот на денот и во петок ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе ги намали условите за појава на магла. Дневните температури во југоисточните делови и на повисоките места ќе бидат релативно високи за овој период од годината.