Времето денеска на повеќе места ќе биде облачно и магливо, а сончеви периоди ќе има на повисоките места и планините. Околу пладне, сончеви периоди ќе има и по котлините. Само на места ќе дува слаб јужен ветер.
Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.
Утринава, најниска температура е измерена во Берово – 4, во Прилеп и Битола -2, Во Скопје Петровец и Маврово -1, Крива Паланка, Пожаране и Демир Капија 0, Дебар, Штип и Куманово 1, Крушево, Виница, Охрид, Тополчани, Скопје и Претор 2, Ѓуриште и Тетово 3, Струмица 4, Гевгелија 7 и Дојран 8.
Во поголемиот дел од земјава утринава има појава на магла и ниска облачност, а само на повисоките места во западните делови е сончево со мала до умерена облачност. Видливоста е најмала во Пелагонија и Демир Капија, каде што изнесува 50 метри.
Управата за хидрометеролошки работи најавува дека и во петок ќе се задржи стабилно време со магла и ниска облачност по котлините, но кон крајот на денот и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а условите за магла ќе се намалат. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значителен пад на температурата. Врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
