Магаш: За последното интервју ми платија 1.000 евра

Од:

Контроверзниот Љубомир Периќ-Магаш, за Либертас тврди дека за последното интервју во Македонија добил 1.000 евра.

„Па ми дадоа 1.000 евра, ако сте заинтересирани и вие повелете, затоа што јас морам да платам и обезбедување поради мојата сигурност, позз, мојот мобилен телефон е 064…“, изјавил Магаш.

Магаш синоќа за порталот потврди дека интервју дава само за пари. Магаш на својот Фејсбук профил тврди дека тој никогаш не шверцувал нафта. По последното интервју дадено за агенцијата Нетпресс, напишал – „Пак овие Македонци“.

Инаку, по првото интервју, тој на својот Фејсбук профил напишал:

„Овие во Македонија навистина немаат попамента работа туку да лажат дека сум шверцувал некаква нафта, а јас никогаш ниту автомобил, ниту нафта сум возел, цццц овие новинари сешто пишуваат…“.

Maгаш во интервјуто открива кој пред 18 години шверцувал нафта, и кои функциоери биле според него инволвирани.

Според Магаш, договорот се вршел во кафеана во Дебар Маало, со лица за кои подоцна тврдеше дека биле Црвенковски и Фрчковски.

Опозицијата го отфрли ова, како уште една лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ, за Магаш кажа дека е балкански криминалец.

Љубомир Периќ-Магаш се појавувал и во таканречени реални шоуа. Во една епизода од познатата српска серија „Прељубници“, од 2011 година, се појавува токму Љубомир Периќ-Магаш, како прељубник кој имал врска со својата кумашинка.

Би можело да ве интересира

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите