М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

Од:

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедносниот настан на небото на Скопје што се случи на седми овој месец и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона.

Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

– На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедносен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

Претходно од АЦВ потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

-Давателот на навигациски услуги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Два патнички авиони речиси ќе се судреа над Лос Анџелес

Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Авионска несреќа во Шкотска, има загинати

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет