„Го поздравуваме ангажирањето на СЈО во откривањето и санкционирањето на огромните финансиски махинации и злосторства. Голем дел од настаните што ги обработило СЈО уште во времето кога се случуваа имаа карактер на вистински скандали, само што немаше државен орган кој тие реакции на јавноста ќе ги провереше и ќе ги санкционираше.
За жал ОЈО кој имаше уставна и законска обврска да ги расчисти тие работи и да му помогне на судот да ги осуди мафијашките потези што огромно многу ги чинат граѓаните, сега како и досега најверојатно смислува каква контра да удри на оваа акција на СЈО. Веројатно ќе смисли некој нов чекор за заштита на законитоста, па да ја доведе работата до Јово Вангеловски и уште еднаш граѓаните да видат како се затворал кругот. Сега веќе сосем е јасно дека против продолжувањето на мандатот на СЈО стои голема брана од оние кои учествувале во криминалот и кои сакаат себе да се заштитат.
Либералната партија ја поддржува работата на СЈО и бара од парламентарните партии да му се овозможат нормални услови и време на овој орган целосно да си ја заврши работата“, се вели во соопштението на ЛП.