Ловџија се самозастрелал во ногата

Од:

Ловџија се самозастрелал со ловна пушка вчера во атерот на селото Крупиште, во месноста викана „Жигански дол“, во општина Карбинци.

Како што соопшти МВР, Д.М. (51) од село Крупиште, кој бил на лов, вчера околу 13:00 часот при обид да ја симне ловната пушката од рамо, истата испукала и го погодила во десното стапало.

Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов