Лондон: Ѓорчев се сретна со министерот за безбедност Бен Волис, лордот Џорџ Робертсон и пратениците од Конзервативната партија

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, во неговата неколкудневна посета на Велика Британија денеска оствари средба со поголем број на политичари, пратеници и членови на извршната власт.

Ѓорчев се сретна со министерот за безбедност Бен Волис, при што стана збор за соработка меѓу Република Македонија и Велика Британија во областа на безбедноста. Добрите односи помеѓу двете земји треба понатаму да се негуваат и да се продлабочуваат.

Дополнително Ѓорчев оствари средба и со лордот Џорџ Робертсон и пратеникот од редовите на Конзервативната партија Грег Хендс, при што стана збор за актуелната состојба во Република Македонија. Ѓорчев се пожалил на влошена економска состојба, политички прогон и нарушување на демократските процедури од страна на власта и бројни потфрлања на владата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Жестока реакција на Трамп до европските држави: Ќе мора да научите да се борите сами, Америка нема да ви помогне.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

ВИДЕО: Иран испали балистички ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот океан

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме