Појава на локална нестабилност со врнежи од дожд ќе има утре во попладневните часови. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури во текот на утрешниот ден ќе се движат од 3 во Берово до 9 степени во Гевгелија, а максималните од 14 во Маврово до 25 степени во Гевгелија.
Времето во Скопје ќе биде слично, со температури од 9 до 22 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ во следните денови ќе има значително затоплување со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.