Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Од:

Министерот за правда Кренар Лога очекува за многу брзо Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски да биде екстрадиран во Македонија. Списите од министерството веќе се преведени на турски јазик, а очекува до крајот на денот и списите од обвинителството да бидат преведени.

„Вчера беше потпишано од моја страна. Сите списи беа преведени на турски јазик, денеска до крај на работен ден исто така ќе бидат преведени списите на Јавното обвинителство и денеска ќе биде пуштено преку електронска пошта и преку нашата амбасада. Верувам дека после добивањето, ќе контактираме дирекно со министерот за правда на Турција“, рече Лога.

Според него, Турција е стратешки партнер на Македонија за многу битни прашања и не верува дека ќе има задржување во однос на осомничениот.

Би можело да ве интересира

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема никаков доказ за инволвираност на таткото на Вања

Горан Наумовски

Се бара доживотен затвор за обвинетите убијци на Вања и Панче, за ОЈО мотивот не бил нужно да се утврди

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува задутре, со завршен збор на Обвинителството

А1он

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Заврши доказната постапка во случајот за убиствата на Вања и Панче, на 2 јуни се завршните зборови

А1он

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, се изведуваат дополнителни докази

Катерина Ѓуровски