Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, нема да присуствува на утрешната јавна седница на “Aпелациониот суд” по конструираното, нелегитимно и бесправно обвинение, за т.н. случај “Ровер”, информираат од неговата партија Обединети за Македонија.
„ОМ сметаат дека без разлика што е сменет налогодавачот на овие монтирани процеси, Саша Мијалков, дека и денес судиите не се во можност да одлучуваат надвор од неговите наредби и наредбите на “Малиот тиранин”.
ОМ и целата македонска јавност беа сведоци како е монтиран процесот “Кампања” и како без никаков човечки морал и совест, практично се применуваат најфашизоидните методи за политичка елиминација на неистомисленик.
Тоа е оној монструозен и во целост фингиран судски чин на егзекуторите, во кој со ништо не е докажана евентуална одговорност, со што категорично го оквалификуваме како процес за непостоечко дело.
Јавноста овие денови ќе биде повторно шокирана од безкрупулозноста на режимот, кога ќе види како истите ликови наредуваат да му се спакува ново дело на г-динот Љубе Бошкоски, со зборовите: “Да се измисли нешто, за тој да не излезе од затвор”.
Нашиот лидер не очекува независна и непристрасна одлука и затоа нема намера да му дава легитимитет на високо политизираното судство и обвинителство, предводено од онаа трагикомична фигура, режимски извршител Марко Зврлески и бисерно окитената дама, Лидија Неделковска.
ОМ појаснуваат, дека, со доказите со кои располагаме околу злоупотебите направени од полициско, судско-облинителската фела, оваа апсолутистичка власт, изврши тешки кривични дела за кои кривичниот закон дефинира долгогодишни казни затвор.
ОМ на крајот му порачуваат на режимот во заминување: Глумете власт, независно судство, правна држава…!“, стои во соопштението на Обединети за Македонија.