А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Лидерска средба кај Пендаровски в понеделник во 12 часот

by А1он16/05/2020 - 14:0316/05/2020 - 16:19534
Share0

Лидерската средба под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на која треба да се разговара за терминот за одржување на предвремени парламентарните избори, е закажана за в понеделник во 12 часот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Информацијата за МИА ја потврдија од Кабинетот на шефот на државата, од каде велат дека сите поканети лидери потврдиле учество на средбата.

На претходната средба што се одржа во вторникот лидерите се договорија со консензус дека здравјето на граѓаните останува приоритет и оти на почетокот на следната недела ќе се одржи нова средба за натамошните чекори откако ќе се добијат мислења од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР.

– Во однос на понатамошните чекори договорено е да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемијата на КОВИД-19. Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови кои и се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, а исто така ќе биде побарано и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите. На почетокот на идната недела ќе има повторно лидерска средба на која ќе се дискутираат понатамошните чекори, соопшти по средбата Кабинетот на претседателот на државата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од СДСМ денеска соопштија дека предвремените парламентарни избори, кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи, бидејќи, како што наведоа, сите параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола.

-Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба. ДИК по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите, стои во соопштението од СДСМ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, и порачаа на СДСМ, „наместо со лицитација на датуми за избори и притисоци врз ДИК за неразумни кратења на роковите, да се посвети кон заштита на здравјето на граѓаните“.

izbori 2020liderskapendarovski

Би можело да ве интересира

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски31/05/2025 - 10:55

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

Горан Наумовски23/09/2024 - 09:10

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Предраг Петровиќ16/09/2024 - 15:56

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on09/05/2024 - 14:4709/05/2024 - 14:48

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Горан Наумовски09/05/2024 - 08:17

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ08/05/2024 - 21:5108/05/2024 - 21:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео