Либерална партија: Подземјето секогаш ќе биде вознемирено кога правосудството процесуира и санкционира криминал

Од:

„Либералната партија обрнува внимание на опасната појава на закани кон судии и обвинители. Сите оние кои мислат дека со закани ќе ги присилат да водат постапки и да судат спротивно на нивната совест и законот, прават обид да се стават не само над правосудството, туку и над државата.

dobivaj vesti na viber

Ако не се обезбеди непречена активност на правосудните органи во земјата ќе настапи општ хаос, безредие и насилство.

Подземјето секогаш ќе биде вознемирено кога правосудството процесуира и санкционира криминал, а темелното соочување со правдата за случаи од изминатите десет години, но и воопшто во изминатите две децении станува се поизвесно низ работата на Специјалното јавно обвинителство.

Затоа Либералната партија ја поддржува одлуката да и се даде 24 часовна полициска заштита на судијката Кацарска и ги охрабрува надлежните органи и во сите идни случаи правовремено да постапуваат на тој начин“ се вели во соопштението на Либералната парија.

Би можело да ве интересира

Либералната партија бара затворање на сите казина и спортски обложувалници во населени места

Наум Локоски

Либерална партија: Граѓаните да ја искористат можноста и на 30 септември да ја поддржат Македонија кон НАТО и ЕУ

Наум Локоски

Либерална партија: Основен проблем на Законот за употреба на јазиците е прекршувањето на процедурата за негово донесување

Наум Локоски

Либерална партија: Акциите на МВР и надлежните органи да станат редовна пракса, не само во Скопје, туку и во целата држава

Наум Локоски

Либерална партија: Предлагаме 23 Октомври да нема статус на државен празник

Наум Локоски

Либерална партија: Собирањето потписи со лични податоци не е против мигранти, туку за цели на ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски