ЛП: Време е да помогнеме, но и да бараме одговорност и виновници за жртвите од поплава во Скопје во 21 век

Од:

На денешната итна седница, покрај оперативните насоки за помош на настраданите, Извршниот комитет на ЛП заедно со претседателите на општинските организации на ЛП од Скопје оддаде почит на настраданите и ги утврди следните ставови:

dobivaj vesti na viber

Либералната партија не го прифаќа повикот да не се бараат виновници за жртвите и материјалните штети. Не прифаќаме дека нема виновници за ваквиот број жртви и за овие материјални штети. Ниту еден пржински/политички договор ова не го дозволува! Напротив, го споделуваме гневот на македонските граѓани и на скопјани, наведуваат од Либералната партија.

Дождот е „виша сила“, но неисчистените одводни канали, недоволното инспектирање на патиштата и нивната дренажа, недоволното инвестирање во одводи и канализации во Скопје и скопската котлина, додека барок и стиропор го затрупаа Скопје – се дело на власта.

Како Либерали немаме институционални ресурси, па согласно наведените оперативни насоки се обидуваме да помогнеме колку можеме. Но сите имаме политичко право и општествена одговорност да побараме утврдување на одговорноста и вината за она што не е сторено на време. На пр.:

– неиздавање предупредување за надоаѓачко невреме (УХМР);

– незатворање на обиколницата од страна на сообраќајната полиција и три часа по почетокот на невремето, што ќе спречеше жртви на автопатот (МВР, ЦУК);

– неисчистени одводни канали, слаба пропулзивност на канализационата мрежа (Дирекција за заштита и спасување, локална самоуправа)…

Точно е дека ЛП не ги поддржуваше проектите за ослободување од комуналии од локалните самоуправи при градењето на мегаломанските проекти, ниту проектите за легализација на дивоградбите „за едно евро по метар квадратен“. Сега се гледа колку човечки животи и колку скапо чини градежниот популизам.

Конкретно, бараме и наоѓаме виновници во сите наведени политички фигури од овие мандати во Владата, Општина Гази Баба и Град Скопје од 2009 до денес, затоа што тие знаеја дека проблемите на Скопје се под земјата, но решија тоа да го забошотат со зданија над земјата.

Бараме и наоѓаме виновници иако тоа не им се допаѓа на Пржинските потписници за следното невреме да не ги донесе водњанските зданија во центарот Скопје и бројот на жртвите од некое следно невреме да не ги броиме во стотици и илјадници.

И за тоа не прифаќаме компромис! Одговорноста се бара од денес.

Скопје викендов го плати данокот на споената држава и партија, а доколку состојбата остане иста, Македонија ќе го плати данокот на споената држава и партија во декември годинава.

Либералната партија предлага и неколку итни мерки:

– Предупредуваме дека следната фаза на проблемот ќе биде справувањето со опасноста од заразни болести што ќе настане со порастот на температурите.
Комисијата за спречување на заразни болести мора да биде веќе ставена во фунција.

– Итна седница на Советот на Скопје за ребаланс на буџетот и пренамена на средствата за „панорамското тркало“ за санирање на штетите во погодените населени места во подрачјето на Скопје. Истото се однесува и на Собранието на РМ кое треба да пренамени средства од државниот Буџет за погодените населени места во скопскиот, како и во тетовскиот регион.

– Обезбедување транспортни возила за бесплатен пренос на уништената покуќнина до депониите;

– Привремено сместување на оние кои останаа без покрив над главата во студентските домови кои во моментот се празни. Студентските домови не треба да служат за сместување на партиските обезбедувања, туку на оние на кои тоа им е најпотребно!

– Запирање на сечата на шумите и санкционирање на сторителите.

– Институционална проверка на проектите, изведбите и надзорите на сите градби кои колабираа при невремето.

– Навраќање кон плановите за справување со елементарни непогоди и протоколите подготвувани уште при формирањето на Центарот за управување со кризи од 2004/05 година, велат од ЛП.

Би можело да ве интересира

Либералната партија бара затворање на сите казина и спортски обложувалници во населени места

Наум Локоски

Либерална партија: Граѓаните да ја искористат можноста и на 30 септември да ја поддржат Македонија кон НАТО и ЕУ

Наум Локоски

Либерална партија: Подземјето секогаш ќе биде вознемирено кога правосудството процесуира и санкционира криминал

Наум Локоски

Либерална партија: Основен проблем на Законот за употреба на јазиците е прекршувањето на процедурата за негово донесување

Наум Локоски

Либерална партија: Акциите на МВР и надлежните органи да станат редовна пракса, не само во Скопје, туку и во целата држава

Наум Локоски

Либерална партија: Предлагаме 23 Октомври да нема статус на државен празник

Наум Локоски