Левица: Само шесте пратеници на Левица гласаа против Африм Гаши, ДПМНЕ денес капитулира

Од:

На денешната Собраниска седница, пратениците од Левица понудија бланко – поддршка за ДПМНЕ да НЕ изгласа претседател на Собранието којшто изминативе години промовира балистички и иредентистички политики, многукратно повредувајќи ги македонските инсигнии, реагираат од Левица.

За жал, партијата која се претставува за заштитник на македонските националните интереси, одби да постави Претседател на Собранието од своите редови, погазувајќи го легитимитетот добиен од македонскиот народ и моќ во законодавниот дом од 58 мандати, одлучи спикерското столче да го поклони на партија која има освоено само два мандати.

Партијата предводена од Мицкоски капитулираше пред „Тиранската платформа“ уште на првата собраниска Седница!

Ова го оценуваме како генерална проба за внесување на Бугари во македонскиот Устав и доспроведување на Софиската платформа, за која вратата ја подотвори квислингшката СДС.

Пратениците на Левица останаа беа единствените кои побараа збор, ја проблематизираа и доследно се бореа за промена на оваа одлука, ставајќи ги уште еднаш државните интереси пред сè. Нивните гласови беа единствените ПРОТИВ ваквата одлука на новото мнозинство.

Само пратениците од Левица ја напуштија седницата и не присуствуваа на свеченото давање изјава на Гаши, известија од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

(ВИДЕО) Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

Казна од 550 евра за лидерот на „Црвена младина“

(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Горан Наумовски