Левица: ДПМНЕ ги штити двојните државјанства во Владата

Од:

„Денес пратениците на Левица гласаа за укинување на можноста членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство, како принцип што треба да гарантира целосна политичка и институционална лојалност кон Македонија. Срамно е што пратениците од владејачкото мнозинство одбија да го поддржат овој предлог и власта, предводена од Мицкоски, практично призна дека нема проблем највисоки функционери во извршната власт да имаат политички и деловни врски со други држави“ соопштија од Левица.

Велат „Дополнително загрижува фактот што во оваа Влада веќе е воспоставен опасен безбедносен преседан – вицепремиерот Арбен Фетаи доби безбедносен сертификат „државна тајна“, иако поседува двојно државјанство. Наместо институциите да поставуваат највисоки стандарди за заштита на националната безбедност, актуелната власт ги релативизира безбедносните ризици и ја поткопува довербата во системот“.

„Јавноста со години сведочи за блиски политички и бизнис-релации на структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ со фирми и компании во Бугарија, како и за отворање фирми од лица поврзувани со партискиот врв. Особено лицемерно е однесувањето на Христијан Мицкоски, кој претходно јавно тврдеше дека нема проблем да се укине можноста министрите да имаат двојно државјанство, а денес неговата пратеничка група одби да гласа за токму такво решение. Со ова, Мицкоски јасно ретерира од сопствените ставови само за да ја заштити својата министерка за енергетика, со која има и лични бизнис-контакти и деловни релации“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он