Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Од:

Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства и апели за зголемување на наталитетот, фактите укажуваат дека државата воопшто или многу малку се грижи за детскиот стандард. Фрапантни се податоците кои укажуваат на фактот дека секое трето дете во Македонија е сиромашно. Најсклони кон сиромаштија се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители, децата со социјален ризик, велат од Левица.

– Иако во државата се предвидени неколку социјални мерки во форма на детски додаток, надоместок за трето дете, стипендии и сл. очигледно е дека истите не го даваат потребниот резултат. Тоа е затоа што износите на овие надоместоци од една страна се многи ниски и не се зголемени со години, а од друга страна критериумите за добивање се многу ригорозни, па неретко деца од социјален ризик се одбивани, само затоа што еден од родителите имал нива или возило.

Со енормното зголемување на цените на основните прехрамбени продукти, детскиот додаток кој изнесува од 1.800 до 3.000 денари, не може вистински да ги задоволи потребите на децата. Со суми што не покриваат ни основни месечни потреби, државата практично им порачува на овие деца дека нивниот живот вреди помалку од оној на останатите деца.

Лицемерно е што институциите се појавуваат со камери и празни ветувања за „грижа за децата“, додека во реалноста дозволуваат илјадници деца да растат во сиромаштија, глад и без никаква перспектива. Детскиот додаток и социјалната помош денес повеќе личат на симболична трошка фрлена за да се замолчи народот, отколку на вистинска заштита на најранливите.

Уште пострашно е што системот често ги третира сиромашните родители како измамници, а не како луѓе на кои им е потребна помош. Наместо поддршка добиваат понижување, чекање по шалтери и бескрајни проверки, додека децата плаќаат цена за туѓата неспособност и негрижа, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Ревизијата откри злоупотреби во Академијата за судии и јавни обвинители – гориво за приватни возила и спорни надоместоци

А1он

Левица: Обезбедувач на Мицкоски доби условна казна за семејно насилство, дали ова е правдата што ја ветуваше власта?

Горан Наумовски

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Левица: Пливачите ја плаќаат цената за криминалните концесии на власта