Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), го поднесе преодниот извештај за локалните избори што се однесува на периодот од 5 септември до 1 октомври 2025 година. Во извештајот, меѓу другото, е нотирана и цензурата кон партијата Левица во однос на политичкото рекламирање, наведуваат од партијата.

ОДИХР укажува дека, слично како и кај правилата за надворешно рекламирање, формулата за распределба на средствата и платеното време за емитување не предвидува посебен третман за партиите кои имаат пратеничка група. По усвојувањето на Упатството за радиодифузерите од страна на ААВМУ, Левица реагираше со поднесување Барање за привремена мерка до Основниот граѓански суд во Скопје, барајќи стопирање на примената на насоките и нивна измена, со цел партијата да биде вклучена во формулата за распределба на платеното политичко рекламирање.

Иако Изборниот законик предвидува медиумите да ги покриваат изборите на фер, избалансиран и непристрасен начин, со донесеното Упатство Левица фактички останува исклучена од медиумскиот простор и од платеното политичко рекламирање, освен во рамките на задолжителното информирање во вестите за изборните активности.

„Со ова на Левица ѝ се нанесува директна штета и се влијае на изборниот резултат – од бројот на освоени гласови до советничките и градоначалничките места“, посочуваат од партијата.

Правниот тим на Левица веќе поднесе неколку тужби до надлежните судови во земјава, како и барање за времена мерка за стопирање на примената на спорното упатство. Од таму најавуваат дека, доколку се исцрпат сите домашни правни средства, случајот ќе го изнесат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Партијата ја оценува оваа цензура како израз на „очај на владејачката гарнитура на ДПМНЕ“, чијашто, како што велат, катастрофална политика резултирала со „огромно незадоволство на народот“. Левица порача дека народот ќе ја казни власта на изборите закажани за 19 октомври, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји