Левица: Молчењето е соучесништво во злоделото за Чебрен

Од:

Постапката за потпишување на штетниот договор за Чебрен, за кој инженерската фела, со подробни анализи покажа дека е многукратно штетен за Македонија, е во завршна фаза. Дури и ставањето на менторот на оваа криминална продажба на американската „црна листа“ не ги одвраќа неговите пулени да го завршат ова злодело.

Зачудува молчењето на ДПМНЕ коe се декларира како опозициска партија. Зошто молчи ДПМНЕ?

Ако ДПМНЕ искрено сака да го спречи ова национално предавство ќе дејствува. Со своите 44 пратеници во Собранието ја има моќта да го прекине овој штетен процес. Но, ДПМНЕ одлучи да молчи. Молчењето е соучесништво!

Не преземајќи ништо ниту во врска со Чебрен, проект кој ќе донесе непоправлива штета за Македонија, тие само ја потврдуваат нашата теза дека се министерство за опзиција во владата. Седум години само си го тргаат перутот од рамената и ѝ помагаат на криминалната и корумпирана влада да си ја тера криминалната агенда. Со тоа само потврдуваат дека се соучесници и соработници на власта.

Левица со само двајца пратеници во Собранието успева да го разоткрие трулежот на воспоставениот бандитски систем во кој власта и најголемата опозициска партија соработуваат во крадење на народните пари. Наместо два пратеника, Левица да имаше десет власта немаше ни да помисли ова да го прави. Но и покрај сѐ, Левица недвосмислено застанува зад инженерската фела и јавниот интерес во борбата за спас на ова национално богатство!

Левица е единствената партија која во својата програма предвидува државата сама да гради вакви капитални проекти, а не да ги раздава на јавно-приватни партнерства. Еден од условите на Левица за партиципација во следната Влада ќе биде поништување на овој крајно штетен договор и барање на кривична и материјална одговорност од тие што го изготвиле и потпишале, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски