Левица и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги повлекле потписите за недоверба, но ќе гласаат за Владата да падне

Од:

Двајцата пратеници од Левица и петнаесетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги повлекле потписите за недоверба на Влада, со цел, пратеникот од Алијанса, Скендер Реџепи, утре да гласа за недоверба на Владата. Според извори на „А1он“, тие остануваат на ставот дека ќе гласаат за недоверба на актуелната Влада на СДСМ и ДУИ. И со повлекувањето на потписите, има доволно пратеници за таа да биде спроведена.

Барањето со околу 17 потписи на пратеници е доставено до собраниската архива. Засега, собраниските служби не одговараат како ќе се постапува и дали ова ќе доведе до измена на утрешната седница. „А1он“ се обиде да исконтактира и со лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и ПР службата на партијата, но тие не одговараа на повиците. Засега нема потврда дали тие и натаму остануваат на ставот дека ќе гласаат за недоверба на актуелната Влада.

Условот за повлекување на потписите од пратениците на Левица дојде од Скендер Реџепи, пратеник на Алтернатива. Тоа беше услов за тој да гласа за недоверба на Владата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата и кажа дека епилогот може да биде недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица