Левица: ДПМНЕ изгласа изградба на фабрики без инфраструктура во Аеродром

Од:

Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска зона по изгласувањето на одобренија за продажба на парцели на последната седница на Советот на Општина Аеродром. Одобренијата ги изгласаа мнозинството советници од ДПМНЕ, а врз претходно одобрен ДУП кој беше шверцерски и насилнички донесен пред една година, без јавна расправа и без одобрување на тамошните жители, велат од Левица.

„Во новата индустриска зона ќе се градат фабрики од средна и помала загадувачка дејност како што се фабрики за поправка и сервис на машини и алати, печатници, погони за преработка на дрво итн. И сето тоа ќе беше одлично доколку во Долно Лисиче имаше соодветна инфраструктура (пат, водовод и канализација) за да ги сервисира овие фабрики.

Жителите на Долно Лисиче со децении се жалат на недоволен притисок на водоводната мрежа, особено во лето кога чешмите со денови им секнуваат. Патната инфраструктура е во катастрофална состојба, а тука поминува и „регионалниот“ пат од Јурумлери до Драчево, кој не ги исполнува стандардите за регионален пат, има само две тесни ленти без тротоар. По него сообраќаат шлепери буквално низ населеното место и истиот е од животна опасност за пешаците, кои мора да се движат по патот во недостиг на тротоар.

Изградбата на новата индустриска зона ќе ја оптовари и онака кревката инфраструктура во Долно Лисиче и животот на жителите ќе стане пекол поради недостиг на вода и зголемена фреквенција на шлепери, камиони и други тешки товарни возила во населеното место.

На ДПМНЕ му се брза да издаде маркици, пред завршувањето на нивниот четиригодишен мандат, за да собере пари со цел замачкување на очите на аеродромци. Сепак жителите на Аеродром многу добро паметат што ветуваше ДПМНЕ на чело со актуелниот министер Тимчо Муцунски и што „исполнија” од ветувањата. Општина Аеродром никогаш не била повалкана, позапуштена и поруинирана. Слободно може да се каже дека овој мандат на ДПМНЕ е еден од најнеуспешните во историјата на општината.

Затоа на престојните локални избори жителите на Аеродром ќе ги казнат овие локални шверцери кои ја уназадија општината за две децении.

Поради оваа апсурдна ситуација советничката група на Левица гласаше против одобренијата за продажба на парцели и аргументираше зошто гласа против, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он

Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници