Левица: Доколку не сака да заврши како СДС, ДПМНЕ да престане да го штити Гаши од одговорност

Од:

Еднаквоста и одговорноста пред законите кои Мицкоски ги ветуваше во предизборната кампања се претворија во фарса кога е во прашање одговорноста пред законите на собранискиот спикер Африм Гаши. Коалициониот партнер на ДПМНЕ, не побара ниту сто дена за да почне со газењето на Уставот, Законите и Деловникот на Собранието во повеќе наврати велат од Левица.

Поради ова Левица е децидна дека Африм Гаши повеќе нема интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и поднесе интерпелација по основ на седум точки: Повреда на секуларноста на државата; Повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности; Повреда на употребата на македонскиот јазик; Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии; Повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите; Повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам; Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците!

Најавите и изјавите на ДПМНЕ дека нема да гласаат за Интерпелацијата за спикерот Африм Гаши поднесена од Левица, докажуваат дека наместо промена, народот доби замена, односно продолжување на полтронските политики.

ДПМНЕ наместо да научи и да не ги повторува грешките и понизниот однос на распаднатата СДС кон помалиот коалиционен партнер – тие жестоко и неаргументирано го бранат Гаши во очи на јавноста која е свесна за низата случувања кои се поистоветуваат со башибозлукот на претходната владејачка гарнитура.

Со цел да го спречиме самоволието и безредието и погазувањето на државата кое го воведува новиот собраниски спикер, потсетуваме дека како партија стоиме на располагање и даваме бланко поддршка на пратениците од ДПМНЕ за смена на Претседателот на Собранието и избор на нов човек, од нивната пратеничка група.

Левица го повикува Мицкоски и пратениците на ДПМНЕ да престанат да ги штитат антидржавните и косовски елементи во сопствената коалиција и Влада, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Ставот на Гаши за пресудата за лидерите на ОВК бил личен, вели има право на тоа

Катерина Ѓуровски

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

А1он