Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Од:

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши од необалистичката „Вреди“, инструиран од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, противуставно и противзаконски ја поништи уредно закажаната Надзорна расправа за Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули 2025 година (вторник), на Петтата седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, наведуваат од Левица.

Откако на Четвртата седница на Постојаната анкетна комисија пратениците на бескрупулозната владејачка коалиција ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ решија злонамерно да ја бојкотираат Комисијата со која претседава пратеникот од Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, останатите присутни пратеници – согласно Деловникот – во нивно отсуство донесоа правовалидна одлука (со 1/3 од вкупниот број полноправни членови), за одржување надзорна расправа во Собранието на тема: „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16 март 2025“.

Но, по ова – спикерот Гаши, со интерен службен допис до претседателот на П.А.К. пречекорувајќи ги своите ингеренции и прекршувајќи го Законот за Собранието, ја поништил Поканата за одржување на надзорната расправа, со цел во Собранието на РМ никако да не се дозволи да се зборува за кочанската трагедија.
Ова е уште еден нехуман очајнички обид на пратениците од корумпираната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ да добие на време и да проба да го амортизира народниот гнев на родителите на трагично загинатите деца во кочанската дискотека „Пулс“, саботирајќи го на секаков можен начин одржувањето на Надзорната расправа за вака важна тема од највисок јавен интерес.

Бездушната вмровска власт се плаши од откривање на мафијашките рекатарски шеми и спрегите на своите корумпирани министри, началници, командири, дилери и инспектори од Источна Македонија – па не дава ниту да се спомне Кочани во македонското Собрание!

Но, ние не застануваме тука и ќе ги употребиме сите правни средства кои ни стојат на располагање, ваквата важна расправа да се одржи согласно закон и деловник и, конечно, да се дознае вистината за Кочани. Следува тужба пред Управниот суд и претставка пред Уставниот суд, а нашиот правен тим ја разгледува можноста и за нова кривична пријава против спикерот Гаши, како и нова интерпелација за неговото самовластие во македонскиот парламент, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Професор Станковиќ : Потребна ни е поголема синергија меѓу универзитетите, стопанството и државната администрација.

Предраг Петровиќ

Коцевски: Интерпелацијата против мене е неиздржана, а законот и не предвидува можност за политичка одговорност на Обвинителот

Катерина Ѓуровски