Четириесеттина млади волнтери на општинските организации на Црвениот крст од Пробиштип, Кочани, Свети Николе, Радовиш, Неготино и Велес се дел од првиот летен камп кој викендов се одржува во селото Лесново, каде што се наоѓа Лесновскиот манастир.
Ирена Бошковска раководител на Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) во Општина Пробиштип вели дека волонтерите престојуваат во шатори, а веќе имаат и едукација на повеќе теми.
– Во рамките на летниот камп се спроведуваат низа на активности од едукативен карактер, имаат планинарење, дружење. Се надевам дека ова ќе биде традиција за нашата општина и ќе прерасне во еден регионален настан кој што ќе успееме да го продолжиме секоја наредна година, вели Бошковска.
Летниот камп за 40 волнтери на Црвениот крст од шест општини во земјава е во организација на Општинската организација на Црвениот крст во соработка со Општина Пробиштип и Советот на млади на Општина Пробиштип.