Клубот на млади при општинската организација на Црвениот крст во Крива Паланка организира тридневен летен камп за млади волонтери во сeло Трново.
Кампот кој се организира првпат ќе се одржи од 18 до 20 август на локалитетот кај старата училишна зграда во селото Трново, под отворено небо. Ќе кампуваат 20-тина млади волонтери од кривопаланечкиот Црвен Крст, поддржани од тим за логистика од ОО на Црвениот Крст, Крива Паланка, а поканети се и волонтери од општинските организации на Куманово, Охрид и Струга.
Основната цел на собирот е јакнење на менаџерските и лидерските капацитети на младите волонтери, а покрај тоа, кампот ќе има и едукативен карактер, па во агендата на активности предвидени се и предавања на неколку теми кои ќе ги одржат лекари – специјалисти од Крива Паланка.